Рецепти

Цимет ролни со јаболка

By  | 

//Состојки:
 /Тесто:
550 гр. брашно
250 мл. млака вода
20 гр. свеж квасец или 7 гр.сув
50 гр. шеќер
80 мл. масло
1 јајце
1/2 лажичка сол
 /За премачкување:
50 гр. стопен путер за кората
50 гр. стипен путер за ролничките
 /За посипување и фил:
160 гр. кафен шеќер
1 лажица цимет
2 рендани јаболки
50-60 гр. сецкани ореви
 /За полевање:
100 гр. шеќер во прав
1 лажица есенција од ванила
2-3 лажици млеко
1 лажица стопен путер

//Подготовка:

– Во топла вода ставете го квасецот, шеќерот и маслото, растворете и оставете околу 5-6 минути да се запени.
– Јајцето лесно разматете го.
– Во садот во кој ќе месите ставете брашното, додадете солта, разматеното јајце и веќе запенетиот квасец. Измесете убаво меко брашно кое не се лепи на рацете. Оставете околу половина час да стаса.
– Додека тестото стасува, продолжете со припремата така што шеќерот и циметот измешајте ги во сад и оставете настрана.
– Стопете го одделно путерот, оставете настрана, значи на две места по 50 гр.
– Изрендајте ги јаболката, оревите насецкајте ги.
– Извадете го веќе стасаното тесто на работната површина која лесно ќе ја побрашните или намрснете. Растегнете правоаголна кора во дебелина од околу 5-6 мм. Премачкајте ја со веќе оладениот путер. Посипете го измешаниот шеќер. Врз него ставете ја ренданата јаболка, а врз јаболката сецканите ореви. Замотајте во ролат, исечете на 15 парчиња во ширина од околу 6 см.
Секое парче премачкајте го со другиот дел од путерот и редете во добро подмачкана тавка во големина од 33 х 22 см. и тоа во три реда по 5 парчиња. Покријте и оставете повторно да стаса околу половина час.
– Ставете да се пече во веќе загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин.
Додека се пече, спремете го преливот така што во сад ќе измешате сите состојки.
– Печени ролнички откако ќе ги извадите од рерната, веднаш премачкајте со спремената смеса за залевање. Црпете со лажица и ставајте одозгора врз ролните, иако е згусната смесата таа лесно се топли и впива во ролните)

(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com