Љубов и секс

Според науката, ова се мажите кои најверојатно ќе ви обезбедат оргазам

By  | 

Конечно, оргазмите се сведоа на наука! Имено, истражувачите од Универзитетот во Албани прашале група жени, кои се во хетеросексуални врски, за нивните партнери и нивните оргазми, како и за способноста на нивните партнери да ги доведат до оргазам, и одговорите што ги добиле… не биле многу изненадувачки.
Според студијата, имало поголема веројатност жените да доживеат оргазам со партнери кои се богати, уверени и привлечни – додека нивните оргазми биле поинтензивни ако сметале дека нивниот партнер изгледа добро. Друг фактор за сексуално задоволство? Широки рамена.
„Интензитетот на оргазмот бил поврзан со тоа колку жените ги привелкувале нивните партнери, колку пати неделно тие имале секс и рејтинзите за сексуално задоволство,“ наведоа истражувачите. Не зачудувачки, жените кои сметале дека нивните партнери се смешни имале повеќе секс со нив и почести оргазми.
„Смислата за хумор на нивните партнери не само што покажала колку е тој уверен или какви примања има, туку и ја предвидела тенденцијата на жените да иницираат секс, колку често имале секс и тоа ја зголемило фреквентноста на нивните оргазми во споредба со други партнери.“
Значи, жените кои сметаат дека нивните партнери изгледаат добро и се смешни имаат подобар секс со нив? Тоа не зачудува. Што зачудува? Фактот колку луѓе остануваат со нивните партнери кои не ги привлекуваат и не ги сметаат за забавни. Дами, да го поправиме ова во 2017!
(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com