Рецепти

РЕЦЕПТ НА ЏЕЈМИ ОЛИВЕР: Палачинки од смути

By  | 

Популарниот англиски готвач Џејми Оливер советува како од смути да направиме вкусни и здрави палачинки.
Во блендер се мешаат боровинки, банана, млеко, јајце и брашно. Во густата смеса се додаваат и цели шумски овошки (боровинки), па потоа од смесата се прават мали или поголеми палачинки. Малите палачинки може да ги редите една врз друга и да ги премачкувате со јогурт, па високата „торта“ од палачинки на крајот да ја прелиете со мед и ораси. Поголемите палачинки пак, може да ги намачкате со мармалад.
Подебели палачинки Џејми Оливер подготвува на тој начин што прави густа смеса од 3 жолчки, чаша брашно, 200 дл млеко и 1/2 ќесичка прашок за пециво, а потоа на смесата го додава снегот од белките. Печете ја смесата на загреана тава, а потоа комбинирајте ги палачинките со овесни снегулки и послужете ги со банани. Кога палачинките ќе ги испечете од едната страна, можете според идејата на славниот готвач, да ги попрскате со смути од различно овошје, па потоа да ги завртите и печете од другата страна.
Пробајте, едноставно е, здраво и многу вкусно.
(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com