Каде, кој, што

Пике не смее да оди на свадбата на Меси

By  | 

Лионел Меси на 24 јуни ќе се жени со неговата долгогодишна девојка со која има два сина, Антонела Рокуцо, но засега е неизвесно дали неговиот пријател и сооиграч Жерард Пике ќе може да присуствува на свадбата.
Причината е вистинска сапуница. Имено, сопургата на Пике, Шакира наводно не може да ја поднесе Антонела и веќе ја одбила поканта, извинувајќи се со изговор дека има други обврски.
Тие две „не се мирисаат“, затоа што Антонела е пријателка со поранешната девојка на Пике, Нурија Томас, со кој беше во врска пред да ја запознае Шакира, пишува „Сан“.
Иако поканата за сега службено ја одби само Шакира, некои шпански медиуми веќе пишуваат дека на свадбата сигурно нема да се појави ниту Пике.

(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com