Озборувачка

Лејди Гага и Бредли Купер ќе снимат римејк на „Ѕвездата е родена“

By  | 

Американскиот актер Бредли Купер и пејачката Лејди Гага ќе играат во римејк на филмот „Ѕвездата е родена“, пишува „Варајети“.
Овој трет римејк на филмот воедно ќе биде и режисерско деби на Купер.
Во првата верзија на филмот од 1937 година играа Џенет Гејнор и Фредерик Мариќ. Во првиот римејк на холивускиот класик во 1954 година настапија Џуди Гарланд и Џејмс Мејсон, а во вториот од 1976 улогите ги толкуваа Крист Кристоферсон и Барбара Стрејсенд.
Приказната е фокусирана на животот на познат филмски актер чија ѕвезда полека темнее и на млада талентирана актерка која ја започнува својата кариера. Тој и помага да стане ѕвезда, тие се зближуваат и венчаваат.
Најновиот римејк на филмот требаше да го режира Кинт Иствуд, но на крајот тој се повлече советувајќи го Купер самиот да се јави во улогата на режисер.

(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com