Здравје

Краток водич за хроно исхрана

By  | 

Предностите на хроно исхраната се многубројни, покрај тоа што ќе се чувствувате енергично и покрај тоа што лесно ќе може да се ослободите од вишокот на килограми, можете и да уживате во разновидноста на вкусовите без да ги броите калориите.

Важно е само во кој дел од денот сте внеле одредена намирница.

Еве ги основните правила на хроно исхрана

// Наутро – Почнете го денот со обилен појадок кој ќе ви обезбеди енергија за цел ден. Јајца со сланина и интегрален леб се добар избор. Наместо пченица, збогатете го своето мени со други житарки како што се на пример, овесот и јачменот. Од нив може да се направи и вкусна гибаница или палачинки. Во хроно-исхраната појадокот е најважниот оброк, па препуштете се на уживањето без грижа на совест.

// Пладне – На средината на денот на телото му се потребни протеини од црвено месо или масна риба. Оброкот збогатете го со свежа салата. Избегнувајте ги јагленохидратите од лебот, тестенините, компирот и оризот зашто правилната комбинација на храна е многу важна во хроно исхраната. Доколку пак сакате тестенини или ориз (рижото), треба да знаете дека со нив не треба да кознумирате месо, односно протеини, туку да ги комбинирате со зеленчук или печурки.

// Попладне – Попладне, кога енергијата почнува да опаѓа, вистинско време е за темна чоколада со висок процент на какао кое изобилува со антиоксиданси. Уживајте во овошјето, но во умерени колични, и важно е да се напомене дека не треба да комбинирате повеќе видови на овошје. Бадемите, лешниците и индиските ореви се истотака предвидени за овој дел од денот.

// Вечера – Денот завршете го со протеински оброк, како што е парче пилешко, риба или мисиркино месо. Омлет од белки од јајца е лесна вечера доколку не сте многу гладни, Избирајќи лесни намирници за вечера ќе си обезбедите и лесен и мирен сон.

(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com