Каде, кој, што

ФОТО: Бијонсе објави фотосесија, бремена и гола

By  | 

Пејачката Бијонсе вчера на својот профил на Инстаграм споделила прекрасни вести со своите фанови. Таа објавила прекрасна фотографија и открила дека е бремена со близнаци.


“Сакаме со вас да ја споделиме нашата љубов и среќа. Двојно сме благословени. Неверојатно сме благодарни што нашето семејство ќе биде побогато за два члена, и ви благодариме за убавите желби. Семејство Картер”, пишува во описот на фотографијата.
Покрај оваа фотографија, Бијонсе направила едиторијал со слични фотографии по повод својата бременост.
Пејачката се сликала гола, но вешто ги сокрила интимните делови од телото.
Сепак, фотографијата која ги воодушевила сите, посебно мајките, е таа на која позира со својата ќерка Блу Ајви, додека девојчето го бакнува стомакот на својата мајка.
Потсетуваме, Бијонсе објавила дека носи близнаци.


(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com