Забава

10 неверојатни употреби на Кока-кола

By  | 

Кока-колата е омилен пијалак на многу луѓе ширум светот. Но, дали сте знаеле дека освен за пиење, можете да ја употребите и за многу други корисни работи? Дури и да не сте љубители на газираните пијалаци, по овој текст несомнено е дека Кока-колата ќе стане задолжителен дел од вашето секојдневие. Прочитајте за што сѐ можете да го користите овој пијалак…
1/ Природни локни
Ортофосфорната киселина во пијалакот ги зацврстува кутикулите на влакното што им дава сјаен и благо извиткан изглед на прамените. Ниската pH вредност на Кока-колата го доведува до нормала балансот меѓу киселината и алкалот што е многу важно за сувата и кршлива коса. Намокрете ги локните со Кока-кола и по 5-10 минути измијте ја косата со шампон. Познатата актерка и модел Суки Ватерхаус понекогаш ја користи оваа необична техника.
2/ Отстранување на гума за џвакање
Нема потреба да паничите доколку ви се залепила гума за џвакање во косата. Ставете Кока-кола на мастиката и оставете ја така неколку минути. Потоа, полека и внимателно отстранете ја гумата за џвакање. Процесот е подолг, но подобро е така отколку да го исечете целиот прамен.
3/ Избелување на косата
Ја бојадисавте косата, но сега таа е премногу темна или светла. Не грижете се! Можете да ја избелете малку ако ја измиете со Кока-кола. Овој ефект е возможен благодарение на лимонската киселина и есенцијалните цитрусни масла што се содржат во рецептот на вашиот омилен пијалак.
4/ Заштита од штетници
Земјоделците од Индија ги прскаат нивните растенија со Кока-кола за да ги заштитат од инсекти. Тоа значи дека тие не користат хемикалии, туку шеќерен сируп кој привлекува црвени мравки а тие се најголемите непријатели на штетниците. Ако имате голи полжави во градината исто така можете да се ослободите од нив со помош на Кока-кола. Само ставете малку од течноста во чинии и распоредете ги на различни места.
5/ Ослободување од болка
Ако имате некои непријатни убоди од инсекти, потопете памук во Кока-кола и ставете го на болното место. Јадежот и пецкањето значително ќе се намалат. Ова се случува благодарение на кофеинот кој има анестетски ефект. Токму затоа, можете да користите Кока-кола и во случај на изгореници од медуза.
6/ Чистење на тоалетот
Повторно благодарение на ортофосфорната киселина, Кока-колата може да послужи како одличен отстранувач на бигорот и другите нечистотии. Употребете сунѓер или спреј за да ја нанесете течноста. Нека отстои така неколку часа или цела вечер и потоа поминете го со вода.
7/ Растворање на маснотии
Киселините и кофеинот важат за одлични растворувачи на маснотии и затоа овој пијалак може да го употребите за миење садови и кујнски површини. Поминете ги садовите со Кока-кола, оставете ги да отстојат така неколку часа и потоа измијте ги.
8/ Остри миризби
Ако предметите ви мирисаат на гориво или бензин, потопете ги во раствор од вода и Кока-кола со однос 1:1 пред да ги измиете. Пијалакот исто така може да ви помогне да се ослободите од мирисот на риба и други непријатни миризби. Но, никако не ставајте Кока-кола во машината за миење садови и не користете го овој метод за да ги осветлите предметите.
9/ Чистење монети
Ставете ги потемнетите монети во висок и тесен сад и наполнете го со Кока-кола. Почекајте 10-15 минути и потоа протресете го садот како да сте шанкер кој прави коктели. Потоа, измијте ги монетите со вода.
10/ Отстранување на рѓата
Кока-колата одлично се справува со рѓата, така што слободно можете да го искористите овој пијалак за да ги олабавите рѓосаните шрафчиња, за да исчистите метални предмети и за да решите многу други проблеми предизвикани од рѓата. Истурете Кока-кола на местото и истријте го со сунѓер. Ако рѓата е премногу стара, употребете фолија.
(Лепотица.мк)

You must be logged in to post a comment Login

Остави коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com